Menu Close

Итар Пејо

120 ден 99 ден

Итар Пејо — еден од најпознатите ликови во македонските народни приказни, кој е многу омилен меѓу младите читатели.

Објавено од: abvedit
Автор на книгата: Стале Попов
ISBN: 9781491228066
Боја на текстот: Црно-бела
Боја на страниците: Бела
Големина на страниците: 6" x 9" (15.24 x 22.86 cm)
Боја на корицата: Мат

Итар Пејо, некаде познат и како Итроман Пејо или Итар Пејо – Мариоец е обичен сиромашен македонски селанец од Мариово кој се одликува со извонредна итрина, снаодливост и воедно е претставник на македонската шегобијна мудрост. Во приказните за него тој секогаш на итар начин им се оддолжува на тие што сакаат да му наштетат (обично турските големци), а неговите постапки често изнудуваат смеа и почит кај читателите. Нема историски потврди за неговото постоење и веројатно се појавил како противтежа на османлискиот итроманец и шегаџија Насредин Оџа во духовниот отпор на македонскиот народ против османлиското угнетување. Според некои кажувања, личноста Итар Пејо навистина постоела и била од мариовското село Градешница. Во многу македонски народни приказни со шеговити или сатирични мотиви и фабули, тој токму него редовно го надмудрува. Итар Пејо често ги насамарува и лакомите селски попови.

    Рецензии

    Сеуште нема препораки.

    Оценете го производот “Итар Пејо”

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *